СДСМ: Ќе бидат исплатени платите, ќе се спроведат сите мерки од петтиот пакет
Цела јавност сведочеше по којзнае кој пат како ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира важни закони за граѓаните, економијата и компаниите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку опструкции, одолговлекувања се обидуваа да ја одложат помошта кон граѓаните и стопанството, правеа се за над 16.000 работници се уште да не земат плата, илјадници компании да не ја добијат ветената помош.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните.
Во налетот на агресивност и изгубеност да спречат народот да добие, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор вчера свесно и намерно вознемирија жена. Мицевски физички и вербално во Собранието вознемируваше жена, колешка пратеничка, и го одзеде правото на збор и ја вознемири.
Секогаш кога кворумот е под ризик поради пратеници болни од КОВИД19 ВМРО-ДПМНЕ не придонесува односно прави сè за да нема кворум, да не се носат важни закони, народот да не ја добие потребната државна помош.
Граѓаните да бидат спокојни. СДСМ и парламентарното мнозинство ќе сторат сè за оваа поддршка да стигне до граѓаните, до работниците. Потребните измени на законите ќе бидат усвоени.
Ќе бидат исплатени платите, ќе им се помогне на сите загрозени компании, ќе се спроведат сите мерки од петтиот пакет.
Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието одново ќе бидат поразени.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња