СДСМ: Камиказа призна дека добил 14.000 евра за новогодишниот дочек, Арсовска да каже кој платил
Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар Георгиевски Камиказа, преку статус призна дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра.
Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа.
Граѓаните на Скопје гледаат дека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Арсовска, не сработи ништо во првите два месеци од мандатот.
Сведочат само на поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.
Буџетот за 2022 не е развоен ниту е направен според потребите на граѓаните, не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.
Не се обезбедени пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема.
На Арсовска и се побитни интересите на нејзините партнери отколку интересите на Скопје и неговите граѓани.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица