Македонија
18. April 2024 - 16:39

СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ

Под слоганот „Нема откажување од иднината“ СДСМ и коалицијата за европска иднина ја стартуваа кампањата за парламентарните избори. Со трибина во Скопје најавија подобрување на животниот стандард, зголемување на платите, пензиите и субвенции за земјоделците, но продолжување и на интегративниот пат.

Лидерот на социјалдемократите Димитар Ковачевски и носител во 1 ИЕ бил убеден дека на изборите ќе ставел печат на голема победа и успех за Македонија. Најави, решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Спасовски како носител во изборната единица два, најави бројни промени за граѓаните од овој дел на државата, но и вети дека за сите нивни проблеми ќе се заложи во Парламентот.

Сите носители на листите за пратеници симболично ставија потпис на слика која ја претставува македонската интеграција кон европското семејство, ветувајќи дека интересите на граѓаните ќе бидат нивниот фокус.

Поддршка преку видео-обраќање упати германскиот канцелар Олаф Шолц.