СДСМ: Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на сценарија

СДСМ денеска соопшти дека мнозинската волја ќе се реализизира до крај и оти демократските процеси продолжуваат, по легитимниот избор на нов претседател на Собранието.
Во Република Македонија, наведува СДСМ, е направен огромен исчекор напред во демократските процеси. Избран е нов претседател на Собранието, а во периодот што претстои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.
Според СДСМ, домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржале деблокадата на Парламентот и јасно испратиле порака на, како што наведуваат, „режимот во распаѓање дека ова е неговиот крај, мора да се повлече пред мнозинската волја на над 700.000 граѓани претставени преку 67 пратеници во Собранието кои сакаат да живеат во демократска Македонија“.
СДСМ истакнува дека врвен приоритет за граѓаните и државата е да се реализира до крај волјата на граѓаните изразена на кредибилни избори преку брз трансфер на власта, согласно Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија.
- Оттука, институциите мора да ги преземат сите потребни мерки да ги заштитат државните и граѓанските интереси. Насилието врз легитимни претставници на граѓаните во Парламентот и врз законодавниот дом е резултат на политиките на конфликт, омраза, поделби, поттикнување немири е резултат на Никола Груевски, поддржани од Ѓорге Иванов и Трајко Велјаноски и тоа не смее да се повтори, се вели во соопштението и се додава дека ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествувале во вечерашното насилство во Парламентот.
Повикуваме, стои во соопштението, граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на режирани сценарија со кои сакаат да испровоцираат нестабилност.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
