СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги ставаат личните и партиските интереси.
Тие изминатите 10 месеци не работат ништо. Парите на граѓаните ги трошат на лускуз и партиски вработувања, додека општините и јавните претпријатија тонат во долгови.
Згора на тоа, во време на криза наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги.
Општина Штип за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубретарината. Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.
Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.
Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна глумат загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а од друга, нивните функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста - СДСМ
Ново на Сител
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
