СДСМ: Европската агенда е и македонска агенда, а единствен што сака да ги одвои е токму Мицкоски

Во 32 години независност, Мицкоски е единствениот политичар кој упорно тврди дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата.
Европската агенда е и македонска агенда, а единствен што сака да ги одвои е токму Мицкоски.
Христијан Мицкоски добро знае дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени.
Предложените уставни измени не задираат во ниту едно идентитетско прашање, туку се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи и истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ.
Со измените се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, со отворањето на првите поглавја од преговарачкиот процес.
Овие уставни измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да застанат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина сакаат да ја видат државата како полноправна членка на ЕУ, за што постојано декларативно се залагаат.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
