СДСМ: Единствените идеи на ВМРО-ДПМНЕ се провизиите од договорените тендери
ВМРО-ДПМНЕ единствено има капацитет и идеи за провизии, договорени тендери и промашени траси за чиешто решавање со потрошија дополнителни стотици милиони евра пари на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ преку успешните економски мерки обезбеди раст во сите дејности. Затекнатите катастрофи во инфраструктурните прокети остануваат зад нас, следува раст и во делот на нискоградбата преку обезбедениот инвестициски циклус од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци, како и преку релизацијата на над 30 проекти за изградба на канализациски и водоводни мрежи и пречистителни станици во вредност од околу 17 милиони евра.
Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на нечии криминални интереси.
Залудни се лицемерните и лажни обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега се поставува на реални и здрави основи и сите официјални параметри укажуваат дека таа се движи во вистински правец.
Ново на Сител
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време