СДСМ: Членството во НАТО е историски успех за граѓаните и државата
Нашата татковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси кои ги чекавме 30 години.
Ние сме НАТО, полноправна и рамноправна земја членка на најголемиот воено-безбедносен сојуз, Република Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како нејзина полноправна членка.
Нашето членство во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.
Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица.
Откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.
Таквата деструктивност, оваа дезориентирана партија ја доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
