Свет
14. January 2016 - 8:52

СБ на ОН работи на нова резолуција за санкции спрема Северна Кореја

Советот за безбедност на ОН подготвува резолуција за заострување на санкциите спрема Северна Кореја како одговор на тврдењата на Пјонгјанг дека успешно тестирале хидрогенска бомба.

Според неименуван дипломат на кој се повикуваат западни медиуми, тестот со хидрогенската бомба е „голема промена во ситуацијата“ и СБ треба одлучно да оговори на тоа тврдење.

Тој истакнува дека сите 15 членки на СБ се согласни Пјонгјанг да не поседува нуклеарно оружје. Советот строго ја осуди пробата со хидрогенска бомба како очигледно кршење на претходни резолуции на ОН.