СБ на ОН го поздрави примирјето во Либија

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа го поздрави Договорот за трајно примирје во Либија и ги повика спротивставените страни да „покажа ист степен на одлучност во постигнување на политичко решение“ на кризата во земјата.
СБ исто така го поздрави и вчерашниот виртуелен состанок на претставниците на Владата во Триполи и нивните ривали и договорот за нивна средба во живо во Тунис на 9 ноември.
Амбасадорката на ОН за Либија, Стефани Вилијамс по минатонеделната средба на ривалските страни во Женева изјави дека примирјето ќе стапи во сила веднаш и оти сите борци мора да ја напуштат Либија во рок од 90 дена.
Во соопштението на СБ се повикуваат сите земји да го почитуваат повеќе пати прекршеното емабарго за испорака на оружје во Либија.
СБ апелира сите земји да „го почитуваат и да го поддржат примирјето“ и да ја потврдат својата приврзаност кон „суверенитетот, независноста, територијалниот интегритет и национално единство на Либија“.
Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.
Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.
Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.
Владата во Триполи е признаена од ОН,а има и поддршка од Турција и од Катар, силите на Хафтарт имаат поддршка од Обединети Арапски Емирати, Јордан, Египет ио Русија. Во судирите во Либија учествуваат и голем број странски борци од Сирија, Судан и од Чад.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
