-->
-->
Саудиска Арабија започна истрага за непристојниот гест на Роналдо
-->
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е критикуван за неговиот гест по победата во натпреварот од шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Шабаб (3:2), пренесува „Асошиетед прес“.
Откако Андерсон Талиска го постигна победничкиот гол во 86. минута, многу навивачи на Ал Шабаб почнаа да го скандираат името на Лионел Меси. Како одговор на ова, 39-годишниот Португалец покажа непристоен гест кон трибините. Локалните медиуми јавуваат дека Саудиската фудбалска федерација покренала истрага против Роналдо.
Самиот Роналдо постигна гол на овој натпревар - реализираше пенал во 21. минута.
Ал-Наср е на второто место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 52 бода. Ал Шабаб има 24 бодови на 12. позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска