-->
-->
Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоашто „промовирале хомосексуалност“
-->
Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во боите на виножитото, со објаснување дека преку нив „поттикнува хомосексуалноста“.
Телевизијата Ал Екбарија објави дека тамошното Министерство за трговија од продавниците во Ријад повлекува повеќе артикли, вклучително и штипки за коса, маици, капи и футроли за моливи.
Еден функционер изјави дека таквите предмети се „против исламот и јавниот морал и на младите им промовираат хомосексуални бои”.
Министерството за трговија на Твитер објави дека конфискува „производи кои содржат девијантни симболи и знаци и се во спротивност со здравиот разум”, објави Би-Би-Си.
Продавниците кои ќе одлучат да ги продаваат производите во боите на виножитото, ќе бидат казнети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
-
ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со слаб северен ветер
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата