Саудиска Арабија го обвини Иран за поддршка на тероризмот
Саудиското Министерство за надворешни работи го нарече Иран „бесрамна земја“, која го поддржува тероризмот и работи против стабилноста во регионот, откако во Техеран се одржаа протести против егзекуцијата на шиитскиот духовен лидер Нимр Бакер ал Нимр.
- Иранскиот режим е последниот режим во светот, кој може да обвинува други земји за поддршка на тероризмот и покрај тоа што тој самиот го поддржува тероризмот и од таа причина беше прекоруван од Обединетите нации и од голем број земји, изјави портпаролот на Министерството.
- Иранскиот режим е бесрамен кога говори за човековите права, а минатата година егзекутираше стотици Иранци без јасна правна рамка, додаде тој.
Ријад соопшти дека иранскиот амбасадор бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде му била врачена протестна нота поради „агресивните реакции на Техеран во врска со егзекуцијата на шиитскиот верски лидер“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите