Сашо Тасевски е новиот директор на БЈБ

Владата, на својата денешна 84. редовна седница, донесе одлука Сашо Тасевски, магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност, да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Тој доаѓа на местото на Лазе Велковски, кој минатата недела беше разрешен од функцијата во МВР, по скандалот со службениот џип.
Тасевски стана познат во македонската јавност по случувањата во Собранието на 27 април минатата година, кога како лично обезбедување на Оливер Спасовски, заедно со уште два-тројца свои колеги, не дозволија да дојде до поголемо крвопролевање, па и смртни последици по функционерите на СДСМ и ДУИ, кои во прес салата на Собранието беа нападнати од разулавената толпа.
Тасевски е искусен полицаец, кој во МВР работел од 2001 година. Од пред неколку месеца е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР, а во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, како и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
