Македонија
16. July 2015 - 17:21

Саше Ивановски е инструмент на опозициската и СОРОС деструктивност

Саше Ивановски – Политико и новинарката на соросовото гласило Нова ТВ, Билјана Секуловска во акција за предизвикување инцидент со вицепремиерот Владимир Пешевски.

Од снимките до кои стигна порталот КУРИР, јасно се гледа дека Иванвски и Секлуловска координираат инцидент со Пешевски.

Прво Ивановски седнува на масата до Секуловска и глумат дека не се познаваат, по што тој извесно време чека да излезе Пешевски на кој му упаѓа со провокација.

По успешната мисија да се испровоцира Пешевски, Ивановски се враќа во кафулето и се поздравува со Секуловска која до пред малку не ја познаваше.

Истиот ден Ивановски се жалеше дека бил тепан, но од снимките се гледа дека наместо да оди во Болница тој оди да си честита со Секуловска за успешно извршената мисија, со подавање рака.

По неколку минути тој видно радосен повторно се враќа да ја погледне снимката која ја направила Секуловска..

Веднаш по инцидентот Пешевски излезе со писмена реакција во која истакна дека насилството не е негов стил, но дека бил принуден да реагира затоа што Ивановски неколку пати му приредувал инциденти а еднаш тоа го направил и пред неговите деца.

- Пред да се случи самиот инцидент со Ивановски, имаше провокации кон мојата маса од соседна маса од други лица, на кои немав никаква реакција. Очигледно е дека истите лица од соседната маса кои провоцираа и дофрлаа навреди на мое лично ниво, а кои потоа и го снимаа настанот, го повикаа Ивановски да дојде и да ја направи својата веќе стандардна провокација, вели Пешевски.

Ова не е првпат Ивановски да се однесува вака, пред само два дена тој го попречуваше репортерот на Сител, Александар Спасовски, да си ги извршува своите професионални задачи а секојдневно упаѓа на прес конференции и попречува политичари.

Ваквото однесување се нарекува хеклање и е санкционирано од безбедносните служби во сите светски држави.