Македонија
23. February 2022 - 10:20

Санкционирани 149 возачи за брзо возење на територија на цела држава

По спроведена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрира 149 прекршоци.

Како што соопштува МВР, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 66 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел овозможување побезбедни патишта.