Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место

На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип вчера (20.03.2026) во 17:20 часот од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Како што соопшти МВР, против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
