-->
-->
Саниран ободниот канал кај село Спанчево на ВП „Брегалница“
-->

Градежна оператива и механизација викендов работеше на санирање на последиците од попуштањето на ободниот канал т.н. Бугарски канал кај село Спанчево - Кочанско. Каналот кој од обилните дождови минатата недела се излеа и наместа попушти и направи големи штети на оризовите полиња полни се уште со неожнеан ориз во атарот на Спанчевско, Соколарско и Облешевско поле.
- Санацијата на каналот ја извршивме во текот на викендот. Ги поправивме местата каде што каналот попушти и со тоа се остранети можностите за негово повторно излевање. Водите од сливот на Осоговијата кои доаѓаат во овој канал се пренасочени кон коритото на Злетовска река кај село Уларци, изјави Зоран Беличев директор на ВП„Брегалница“ од Кочани.
Беличев информираше дека се исчистени и одводните канали со што водата од оризоивите полиња во ови атари од полето е повлечена и во текот на денешниот ден ке може да влезат комбајните и другата механизација за почеток на жетвените работи кај оризовата култура.
Инаку, од поплавите на овој канал и од дождовите стотина хектари под оризов род во атарот на Облешевско поле беа под вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
