-->
-->
Сандеј тајмс: Меј дава знак дека подготвува промени во Владата
-->

Британската премиерка тереза Меј нагласи во интервју дека може да го отстрани од функција министерот за надворешни работи Борис Џонсон.
Сандеј тајмс објави денеска дека на прашање кон Меј какви и се плановите во врска со Џонсон таа одговори: - Никогаш не ми било стил да се кријам пред предизвиците и нема да почнам да го правам тоа сега.
Весникот коментира дека тоа е сигнал оти таа се подготвува да одбере нови министри во Кабинетот.
– Јас сум премиер и дел од работата ми е да бидам сигурна дека ги имам најдобрите луѓе во мојот Кабинет, наведува таа во интервјуто.
Кабинетот на Меј засега не коментираше.
Борис Џонсон вчера напиша дека сите од Конзервативната партија треба да застанат „во одбрана“ на премиерката Меј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
