„Сандеј тајмс“: Британија им нуди нов идентитет на Сергеј и Јулија Скрипал во САД
Велика Британија разгледува можност на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои неодамна беа отруени, да им понуди нов идентитет и живот во САД во обид да ги заштити од евентуален повторен обид за убиство, пишува „Сандеј тајмс“.
Весникот информира дека претставници на британската разузнавачка агенција МИ6 разговарале со колеги во ЦИА во врска со преселување на семејството Скрипал. Неименуван извор соопштил дека ним ќе им бидат понудени нови идентети.
Весникот додава дека, добро упатени извори веруваат дека Британија сака да им обезбеди сигурност со што ќе ги пресели во една од петте земји членки на договорот за размена на разузнавачки податоци меѓу кои се САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Би-Би-Си пред два дена јави дека и состојбата на Сергеј Скрипал повеќе не е критична. Телевизијата цитираше претставници на болницата во Салсбури според кои тој добро реагира на лекувањето и неговата состојба „рапидно се подобрува“.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска