-->
-->
Санација на прекопите на улиците во центарот на Куманово
-->
Кумановското јавно претпријатие „Водовод“ почна акција за санација на прекопите на улиците во поширокото централно градско подрачје во Куманово каде што екипите на претпријатието претходно работеа на отстранување дефекти.
Претпријатието има обврска да ги врати во првобитна состојба улиците кои што се оштетени поради поправка на дефекти на водоводната и канализациската мрежа, како и поради новите приклучоци за правните и физичките лица.
Како што објаснуваат надлежните од кумановски „Водовод“, за нивните активности првин ја информираат надлежната општинска комунална инспекција која ги одобрува прекопите и издава решение со нагласување дека во определен рок „Водовод" треба да ги санира оштетувањата и улиците да се вратат во првобитна состојба.
- Акцијата интензивно се спроведува на улиците во централното градско подрачје. Во овој период ќе бидат опафтени триесетина улици. Ако има недостиг на асфалт на одредени локации ќе биде поставен бекатон, изјави денеска директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.
Санацијата на прекопите е предвидена да трае до почетокот на октомври годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица