Самсунг се согласи да плати 548 милиони долари на Епл за патентни права

Јужнокорејската технолошка компанија „Самсунг" се согласи да плати 548 милиони долари на американскиот конкурент „Епл" за нарушување на правата на патент, јави БТА.
„Самсунг" на американскиот суд предаде документ, во кој истакнува дека ќе го исплати достасаниот износ. Но, компанијата го задржува правото да ја побара назад, ако на следната судска инстанца биде поништен сегашната пресуда или авторските права на „Самсунг" бидат докажани.
Калифорниски суд во септември пресуди делумна победа на „Епл" по тој случај и „Самсунг" беше обврзан да плати надомест или да се обрати до Врховниот суд на САД.
Овие 548 милиони долари се само половина од износот што „Епл" првично побара во 2012 година. Не е јасно кој ќе сноси трошоците за случајот на американската компанија за судскиот спор, кои според некои извори, изнесуваат 1,8 милиони долари.
Американскиот апелационен суд во септември соопшти дека Самсунг немал право да ги користи системите на Епл - slide-to-unlock, autocorrect и quicklinks.
Ново на Сител
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
-

Фејсбук го прослави 22-иот роденден
-

Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, но без вентил
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
