Самостојна изложба на Јован Шумковски во Ровињ
Самостојна изложба на ликовниот уметник Јован Шумковски насловена „Прва плоча” денеска ќе биде отворена во Мултимедијалниот центар (ММЦ) во Ровињ.
Според кураторот на изложбата Викторија Васева-Димеска, поставката е ретроактивен пресек на творештвото на Шумковски во последните 15 години составено од неколку целини - фотографии, инсталации, објекти, видео.
- Проектот се темели врз имагинативната спекулација базирана на сеќавањето на оние реалитети кои го прават рекапитуларот на неговите реакции на битните пунктови, ситуации и случувања во неговиот животен простор. На релација блиско минато - сегашност, Шумковски го актуелизира минатото, ја регистрира сегашноста и ја антиципира иднината во проектирање на илузијата во која живееме со цинично манипулирање на граничната линија на времето и просторот, вели за изложбата Васева-Димеска
Во присуство на авторот, изложбата ќе ја отвори заменик градоначалникот на Ровињ, Марино Будичин, и директорката на ММЦ, Дубравка Светличиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?