Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград

Самопрогласената мини држава Либерланд, што ја фомираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрвтска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград.
„Претседателот на Либерланд“, Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија и во Либерланд.
Једличка изрази задоволство што српското Министерство за надворешни работи има позитивно мислење за Либерланд од самиот почеток, за разлика од Хрватска.
- Хрватска мисли дека сме некаква шега, виц. Много е забавно да создадеш нова држава, но ние не сме шега и ќе го докажеме тоа, изјави Једличка на прес-конференцијата по повод отворањето на претставништвото.
Тој рече дека голем број луѓе посакале да побараат државјанство во Либерланд.
Једличка на 13 април 2015 година прогласи создавање на „Слободна Република Либерланд", која се наоѓа на остров на реката Дунав меѓу Србија и Хрватска со површина од седум километри квадратни.
Тој најави дека Либерланд е подготовен да им даде државјанство на секој, кој не се „комунист, неонацист, екстремист или осуден за тешки кривични дела“.
Ново на Сител
-

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори
-

Николоски-Варнс: САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија
-

Алиу најави четири начини на плаќање паркинг на Клинички, за онколошки пациенти ќе продолжи да биде бесплатен
-

Одбраната на Васев ги оспорува вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија
-

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци
-

Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднесе оставка
-

Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти
-

Мицкоски: Протестите на ССМ имаат политичка заднина, Трендафилов е прокси на опозицијата
