Самохраните родители со најголем интерес за добивање социјален стан во Струмица

Има голем интерес за добивање сцијални станови на огласот, кој тече преку Министерството за труд и социјална политика. Државата понуди 37 социјални станови со површина од 40 до 45 метри квадратни во зградата на улицата „Ѓорги Василев“ во Струмица.
Според Зоран Манев, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица досега најголем интерес за добивање на социјален стан покажуваат самохраните родители, но и други категории граѓани кои можат да конкурираат на огласот.
-Секој ден од 13 до 15 часот работиме со граѓаните кои сакаат да конкурираат за добивање на социјален стан. Им објаснуваме какви документи им се потребни, како да ја завршат целата процедура, која воопшто не е мала, па се до тоа како да извршат заверка на документите на нотар. Во најголем дел интересот се сведува на добивање информации за потребните документи, но колку ќе конкурираат и дали ќе ги исполнат условите ќе се знае на 6 март кога завршува огласот, информира директорот Зоран Манев.
Додава дека граѓаните треба добро да ги проучат условите од огласот за да не се случи да се изложуваат на непотребни трошоци и да внимаваат да ги соберат потребните документи.
По поднесувањето на документите во Центарот за социјални работи во Струмица тие ќе бидат испратени до соодветната комисија во Министерството за труд и социјална политика, која треба да одлучи кој ќе добие социјален стан.
Зградата со социјални станови во Струмица има вкупна површина од1.800 метри квадратни со вкупно 41 станови и ги исполнува сите енергетски стандарди. Изградбата почна на почетокот на 2017 година и наскоро треба да се вселат првите станари.
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
