Самохрана мајка од Скопје моли за помош: "Лежам во болница а детето мисли дека сум на службен пат"
Бидете хумани и помогнете и на Наташа, 39-годишна мајка од Скопје која боледува од тешка болест.
Наташа Николовска која е самохрана мајка се бори со рак на желудник, а сумата која што и е потребна да го продолжи лекувањето со озонска терапија изнесува 12.000 евра, а не може сама да ги обезбеди.
- ,,Кога заврши 2016 година, мислев дека ја затворив најтешката врата зад себе. Таа година го изгубив сопругот, имаше само 43 години, го покоси разорен инфаркт. Ми се сруши светот, имавме убав живот, среќен брак, љубов… Се обидов да продолжам понатаму, ја насочив целата моја љубов и енергија кон синчето Марио. Но, не било така. Најтешката врата не беше затворена… На почетокот на април, на денот на мојот роденден ја дознав дијагнозата – рак на желудникот. Неверување, шок… Но Марио, тој е тука, и јас немав време да мислам на ништо лошо. Цврсто сум убедена дека ова ќе остане зад нас, имам сили да се борам, тврдам дека ќе излезам како победник! Моето дете нема ниту полни шест години, јас морам да бидам тука за него, на есен да го испратам на училиште. Токму затоа апелирам до јавноста, до секој кој што може да ми помогне да го продолжам лекувањето, да даде свој скромен придонес на телефоните за донации’’, раскажува Наташа за Фокус.
Таа вели дека мора да го изведе детето на прав пат, па бара помош од хуманите граѓани. Додека лежи во болница, детето знае дека таа е на службен пат.
Сите оние кои што сакаат да донираат, нека го направат тоа на:
070 143 117
075 143 474
077 143 474
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски