-->
-->
Само за носталгичари: Стигнува нова Nokia 3310 и ќе чини 59 евра
-->
HMD Global, компанијата која ги откупи правата за користење на брендот Nokia, на сите носталгичари и љубители на овој телефон им подготвува изненадување - модерна верзија од телефонот 3310 кој ќе биде претставена на крајот на месецот на Светскиот конгрес за мобилна технологија.
Новата верзија на Nokia 3310 ќе чини 59 евра.
Засега нема никакви информации за самиот уред, но најверојатно нема да биде паметен телефон, туку класичен мобилен кој на корисниците би требало да им ги овозможи опциите на оригиналот - повици, пораки и батерија која трае со денови.
Освен овој модел, HMD Global во Барселона ќе престави уште два паметни телефона кои ќе работат на Android, а првенствено е цената да ги привлече корисниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ