Живот
7. јуни 2016 - 14:27

Само за девојки: Направете локни со помош на фолија!

Нов интересен и забавен начин на правење локни е со помош на преса и фолија.

Постапката е мошне едноставна, а благодарение на фолијата, ја чувате косата од штетното влијание на пресата. Зимате прамен по прамен го виткате околу два прста се до кожата на главата.

Добиеното полжавче го завиткувате во фолија. Потоа, полжавчето така завиткано во фолија го притискате со преса за коса, држите неколку секунди и пуштате.