Фудбал
9. July 2015 - 23:05

Само Работнички се пласира во 2.коло во ЛЕ, Ренова и Шкендија емилинирани

Само екипата на Работнички го мина првото квалификациско коло во Лига Европа, додека тетовските екипи Ренова и Шкендија го завршија својот настап на европопската сцена уште по првата рунда.
 
Работнички пласман во 2. коло од квалификациите за Лига Европа обезбеди откако ја совладаа естонската екипа Флора со 2:0 во реванш натпреварот одигран вечерва на „Филип Втори’’ во Скопје.
 
Со оваа победа Романтичарите ја анулираа негативата од првата средба во која беа поразени со 1:0, па во следната рунда ќе игра против летонскиот тим Јелгава, кој денеска го елиминираше бугарскиот тим Литекс.
 
Стрелци на головите за Работнички беа, Чума Анене во 48. минута и Марјан Алтипармаковски во 54. минута. 
 
Останатите македонски претставници, Ренова и Шкендија, беа елиминирани.
 
Ренова и на гостувањето во Молдавија беше поразена од екипата нја Дачија, овој пат со 4:1, па „Гипсарите’’ со вкупен резултат 1-5 се збогуваа од ЛЕ.
 
Фудбалерите на Шкендија на гости во Шкотска, одиграа без голови со Абердин, па шкотската екипа благодарение на скопските 1-1 оди во следната рунда.