Самит на европски слободни економски зони во Скопје
Над 350 претставници од целиот свет се очекува да учествуваат на Самитот на европски слободни економски зони, кој во организација на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе се одржи од денеска до 4 мај во Скопје.
Самитот се организира во соработка со Организацијата на светски слободни зони.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски неодамна на брифинг најавувајќи го Самитот истакна дека на него ќе учествуваат претставници од речиси цел свет, од Колумбија до Казахстан, Европа и други континенти.
Државната помош и нелегалната трговија во зоните ќе бидат само некои од темите на Самитот, а ќе се потпише и меморандум за соработка со светските економски зони со цел, како што истакна, земјава да биде опфатена во т.н. безбедни зони.
За денеска е најавено отворањето на Самитот во попладневите часови. Настанот ќе го отвори Младеновски со поздравно обраќање, а главните активности се предвидени за утре во хотелот Александар Палас, кога ќе се одржи министерски панел, на кој ќе учествува министерот за економија Крешник Бектеши и уште тројца министри од земји од регионот. За утре се планирани и три панел дискусии посветени на „Иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „Нелегална трговија и нејзините ефекти врз на слободните зони и нивните безбедни програми“ и „Формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“. За 4 мај е предвидена посета на слободната економска зона во Скопје.
Ново на Сител
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина
-
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина