Саливан: Во случај на погрешна руска проценка САД ќе го активираат Членот 5 од договорот на НАТО
Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, истакна дека незапирливото зголемување на руски сили околу Украина укажува дека претседателот Владимир Путин може да даде наредба за воена акција „суштински кога и да било”.
Рече дека САД „неможат да ја предвидат точната дата или време” кога би се случил такав напад.
Напнатоста меѓу Украина и Русија ескалира со разместените руски сили долж украинската граница кои сега бројат над 100.000, додека САД и западните сојузници го повикаа Путин да одбере дипломатија.
Москва засега негира дека има намера за инвазија на Украина, но постапките на раководството и огромната воена сила распоредана долж границата даваат поинаква слика.
Саливан тврди и дека руските медиуми ја подготвуваат јавноста дека е неизбежно Украина да нападне.
-Можни се тајни операции на руски разузнавачи со напад на проруските милитанти или на руски граѓани во источна Украина, а винaта за тоа да се фрли на Украина.
Службени лица од администрацијата во Вашингтон минатат недела за повеќе медиуми посочија дека Русија „има на место 80 отсто од силите потребни за сеопфатна инвазија на Украина”.
Стејт департментот во саботата нареди вработените во амбасадата во Киев кои не се занимаваат со суштиснки активности да заминат од земјата. Саливан претходно ги повика американските граѓани итно да ја напуштат земјата, и предупреди дека „не се очекува армиска евакуација” за оние кои решиле да останат.
-Ако се случи воена акција и п очне војна меѓу Русија и Украина поради руската инвазија, претседателот Бајден нема намера да праќа американски сили да се борат против Русија во таа војна, повторно истакна тој.
Во телефонски разговор во саботата во траење од над еден час, Бајден му кажа на Путин дака САД ќе одговорат „одлучно и ќе наметнат брза и жестока цена” ако Русија упадне во Украина.
Саливан бил на повикот на Бајден со Путин, изјави дека не може да ги предвиди постапките на рускиот лидер, но истакна дека Вашингтон ќе продолжи да „го тестира предлогот дека може да најдеме дипломатски пробив напред”.
Во случај на инвазија, додаде тој, САД ќе продолжат со поддршката на Украина. Тоа би бил еден од трите фундаментални елементи на одговорот на администрацијата на Бајден.
-Продолжителна поддршка за Украина во напорите да се спротистави на руската аагресија, второ, наметнување жестоки и брзи економски мерки во дослух со нашите сојузници и партнери, и трето, да се засили, реосигура и одбие. Тоа значи да се засили територијата на НАТО, да се реосигураат нашите сојузници на Источното крило и да се одврати Русија да направи каква и да било акција против НАТО сојзниците, со кои го имаме светото задолжние за одбрана од Членот 5. Ќе ги извршиме сите тие акции во случај Русија да настапи, изјави Саливан.
Истакна дека американскиете војници во Романија и Полска се пратени „токму за да се избегнат грешки, погрешни проценки или ескалацја, и да се испрати јасна порака до Русија”.
-Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, секоја педа од територијата на Членот 5 и мислам дека Русија ја разбира пораката, рече тој.
Ново на Сител
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово