Саливан: Апсурдно е обвинувањето од Путин дека Русија била загрозена од Западот
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ги оквалификува како „апсурдни“ обвинувањата на претседателот Владимир Путин дека Русија била загрозена од Западот, како оправдување за инвазијата на Украина.
- Никој не ја напаѓа Русија. Има еден вид апсурд во идејата дека Русија била под некаков облик на воена закана од Украина или од кој било друг, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Говорејќи неколку часа пред американскиот претседател Џо Бајден да го одржи својот говор во Варшава за да ја одбележи годишнината откако Путин ја почна војната во Украина, Саливан потенцираше дека лидерот на Кремљ е агресорот.
- Ова е војна по избор. Путин избра да се бори. Можеше да избере да не го стори тоа. А може и сега да избере да ја прекине, да си оди дома, рече Саливан.
„Русија престанува да ја води војната во Украина и си оди дома, војната завршува. Украина престанува да се бори, а САД и коалицијата престануваат да им помагаат да се борат - тогаш Украина исчезнува од картата, додаде тој.
Во врска со говорот на Бајден, Саливан рече дека „нема да скицира какви било специфики, визија за дипломатски крај на војната“. Наместо тоа, тој ќе се фокусира на пошироката лекција од Украина во она што тој го гледа како „точка на пресврт“ во глобалната борба меѓу демократиите и автократските режими.
Бајден треба да одржи свој говор околу 16:30 часот по Гринич по разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда, кој беше клучен застапник за поддршка на Украина во ЕУ и НАТО и еден ден по ненадејната посета на Киев.
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
