Сакале да прикријат возило со кое момче удрило пешак, уапсени две лица

Уапсени две лица кои се обиделе да прикријат возило со кое момче удрило во пешак, соопшти МВР.
- На 08.12.2023 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар– с.Градец, кај с.Врапчиште, патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Врапчиште, удрило во пешакот Н.П.(70) од с.Зубовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.П., констатирани во Општата болница Гостивар, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
„Во врска со настанот, во 20.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(44) и А.М.(40) од истото село, поради сомнение дека се обиделе да го прикријат возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа“, појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
