Сакал да пријави сообраќајка, па добил ќотек и на крај останал без возило - македонската полиција трага по сторителите
Според информациите на МВР, вчера околу 18,00 часот на локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од с. Брест и патничко моторно возило “Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице. Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото “Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место. Одземеното возило “Голф 3“ било пронајдено во близина на с.Брест. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа