Македонија
3. January 2018 - 12:53

Сакал да ја силува, но за среќа влегла нејзината сестра - жена од Кочани преплашена до смрт

Обид за силување во Кочани. Според информациите на полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе  кривична пријава  против 27-годишниот С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. 

- С.М. на  28.12.2017 година околу 17 часот, со употреба на сила, се обидел да изврши обљуба врз  33-годишната Н.А. во нејзиниот дом на улица „Гроздан Трифунов“ во Кочани. Во тој момент во куќата влегле сестрата и стрината на пријавениот,  кои што го спречиле во намерата., велат од полицијата