Балкан
3. јуни 2018 - 19:45

Сакал да излезе фраер, другарите го наговориле, а никој потоа не го посети во болница: Момче наместо во река, од бандера падна на бетон

На ужасната снимка која беше објавена на Фејсбук од страна на жители на Врбас се гледа малолетникот М.Д. како виси на бандера и се лула, а по неуспешниот обид да се отфрли во вода, паѓа на бетон од висина од околу 6 метри.

Тинејџерот се здоби со скршеници на раката и ногата, кога во четвртокот падна од бандера на која се качил за да скокне во Големиот бачки канал во Врбас.

На снимката се слушаат и неговите другари, кои го снимиле целиот настан, како го охрабруваат „да се отфрли и скокне“.

Иако, по според природата на падот лесно може да се заклучи дека детето во најмала рака ја скришило кичмата, сепак помина со две скршеници.

-Повреденото дете се наоѓа на одделението за ортопедија, со тешки повреди во вид на скршеници на рацете и нозете, велат од Општата болница во Врбас.

Таткото на малолетникот М.Д. Рајко Д. вели дека неговиот син се обидел да излезе фраер во друштвото и тоа скапо ги чинело.

-Мојот син има скршеници на левата рака и десната нога и е во болница во Врбас. Беше на одделението за интензивна нега, но сега е свесен и подобар. Го посетивме утрово, рече таткото на малолетникот.

-Другарите го наговориле да скокне, а тој сакал да испадне фраер. Изгледа знае што направил, дека погрешил и се надевам дека нема повеќе да прави вакви глупости, вели таткото на тинејџерот М.Д. кој за месец дена ќе наполни 16 години и кој до сега одел на училиште во Кула, а од година ќе се врати во Врбас.

Другарите кои го наговориле момчето да скокне, според неговите зборови, не го посетиле во болница.

-Го посети само другарот Игњат, додека децата кои навиваа мојот син да скокне, не се појавија, заклучи таткото на повреденото момче.