Сајтот на бугарското разузнавање беше нападнат од руски хакери

Руската хакерска група Килнет ја нападна веб-страницата на бугарската државна разузнавачка агенција (ДАР), објавија локалните медиуми.
Случајот е од вчера попладне. Станува збор за хакерски напад DDoS кој привремено го отежна пристапот до веб-страницата на агенцијата. Покрај веб-страницата на бугарското разузнавање, нападнати се и сајтовите на разузнавачките агенции на Полска, Романија, Молдавија и Естонија, пренесува дописникот на МИА од Софија.
Руската хакерска група Killnet, зад чија организација се претпоставува дека стојат руските власти, соопшти за нападот на својот канал Телеграм. Хакерите тврдат дека нивните акции се во врска со 5 ноември, денот на руското воено разузнавање.
Моментално работи сајтот на бугарското разузнавање, но по филтрирање на сообраќајот. Пред еден месец, истата руска група ги нападна и веб-страниците на бугарската претседателска институција и Министерството за внатрешни работи, како и водечки медиуми во земјата.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
