Саити: Системско решение за платите и на судиите и на судските службеници
Претседателот на Здружението на судии и судија во Врховниот суд Џемали Саити, коментирајќи ја најновата одлука на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоците на плата за судиите во износ од 35 проценти, денеска изјави дека треба да се најде системско решение за платите не само на судиите, туку и на судските службеници.
– Судскиот совет требаше многу порано да ја донесе оваа одлука. Сметам дека треба да се продолжи со активностите во однос на надоградување на материјалниот статус на судиите и ги повикувам Судскиот совет, Владата и Врховниот суд да најдат системско решение околу платите на судиите, но секако и системско решение околу платата на судската служба. Таквото прашање треба да биде решено што поскоро во однос на сите чинители во судството, изјави Саити, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешната дебата „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судството“.
На ваквата одлука на Судскиот буџетски совет реагираа од Синдикатот на УПОЗ и од Здружението на судски службеници кои побараа неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски и се заканија со штрајк на судските службеници. Од Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници бараат враќање на задржаните 40 отсто од платите за време на штрајкот во 2016 година, повисоки плати за пет отсто од јануари и дополнително зголемување со ребалансот на буџетот во наредната година, како и носење на Законот за судски службеници.
Ново на Сител
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
-

Хмара: Украинските сили онеспособија над 51 отсто од руските рафинериски капацитети за нафта
-

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт
-

Бразил во втор круг ќе избира претседател меѓу Болсонаро и Лула
-

Повлечени американските бомбардери Б-1 од британската база „Ферфорд“ поради безбедносни закани
-

Министерот Андоновски на првиот академски час на „Еуропа Прима“ и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј

