Саит Саити реизбран за генерален секретар на Црвениот крст на РМ
Саит Саит е реизбран на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија за мандатен период 2018-2022, соопштија денеска од Црвениот крст.
Саити за оваа функција го именувал раководниот одбор на Црвениот крст на РМ на седница што се одржала на 28 ноември 2018 година.
-Саит Саити дипломирал на Факултетот за безбедност, магистрирал на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство и докторирал на Факултетот за безбедност. Тој учествувал на меѓународни конференции и советувања во земјата и странство, има завршено поголем број на обуки, има изработено научни трудови од областа на здравствениот менаџмент, кризниот менаџмент и меѓународното хуманитарно право.
Саити е на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на РМ од 2008 година, долгогодишен активист на Црвениот крст на Република Македонија и член од 1981 година. Од 2000 до 2008 година беше потпретседател на Црвен крст на Република Македонија и претседател на Црвен крст на град Скопје.
Ново на Сител
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува

