Саем за деца во Скопје Сити Мол

Од денеска во наредните три дена во Скопје City Mall ќе се одржи 7-от Саем за деца. Сите посетители од 17 до 20:00 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку креативните работилници и интерактивните игри.
Годинава новитет се креативните работилници и школата за уметничко цртање со уметникот Љупчо Бојаров, дружењето со рептили заедно со Војо, настапите на Златно Славејче, интерактивните игри за деца доктори, забавните турнири со LEGO коцки и консолите PS4.
Уметникот и сопственик на училиштето за уметничко цртање „Ателје Бојар“, Љупчо Бојаров, кој ќе ја води работилница изјави дека обуката е бесплатна и наменета за деца од 5 до 12-годишна возраст. За да се биде дел од неа потребна е, вели, само желба за совладување на тајните на уметничкото цртање.
- Целта на работилницата е децата да се запознаат со три различни техники и тоа сликање на ќерамичка подлога (на чинија), сликање на природен камен и сликање со витраж бои на стакло. Очекувам да се оформат три групи од по 12-тина деца, а во зависност од тоа колку ќе има заинтересирани можно е да се работи и четврта техника – цртеж со пастел и дрвени бојци, вели Бојаров.
Воедно, децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за традиционалните македонски занаети преку креативни работилници каде ќе се декорираат колачиња, ќе се изработува накит со разни техники, плетење и везење во соработка со Занаетчиската комора на Град Скопје.
На музичката сцена, најмалите со своите родители ќе можат да уживаат во песните на популарните Златни славејчиња. Популарниот меѓународен проект од едукативен карактер Мече Болница, кој минатиот Саем за деца беше вистински хит повторно ќе може да се погледне од петок до недела во Скопје Сити Мол.
Овој проект е создаден од студенти по медицина, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.
Посетителите, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги искористат големите попусти за време на 7. Саем за деца и родители во продавниците за детска облека, производи и играчки.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
