Македонија
31. May 2017 - 8:37

Саем на наставни средства

Институционалниот одбор на посебни основни училишта и установи при Сојузот на дефектолози на Македонија денеска организира Саем на наставни средства. 

Саемот, кој ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, има за цел да се промовира и да се истакне специфичноста на работата на дефектолозите и другите стручни работници кои дирекно се вклучени во воспитно-образовната работа и стручниот третман со децата со различни видови на попреченост.

Учесниците на саемот ќе имаат можност да ја промовираат својата работа и да разменат искуства и добри практики.