Саем на книги од едицијата „130 тома Македонска книжевност“ во Штип

По повод патрониот празник, Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска отвори саем на книги од едицијата „130 тома Македонска книжевност“.
Директорката на Библиотеката Милена Ристова-Михајловска ги повика заинтересираните љубители на пишаниот збор да го посетат саемот кој ќе трае три дена, од 9 до 19 часот.
- Со цел да ја видат понудата - изданија кои се проект на Владата и на Министерството за култура. Цената на сите книги е унифицирана 157 денар, рече Ристова-Михајловска.
Писателот Ефтим Клетников посочи дека се работи за вонредно значаен проект.
- Се наоѓаме во ситуација во која се заговара ликвидација на нашиот идентитет преку менување на името. Ние со овој проект покажуваме дека овој народ има длабок идентитет, има свои корени, дека неговото име и исконско и дека има една голема духовна енергија рамна на големи култури, големи нации и дека треба да опстоиме, рече Клетников.
Во рамки на свеченото отворање на саемот во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип беше промовирана и книгата „Допрено време“ на штипјанецот Благој Самоников.
Ново на Сител
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
