Саем на книга на „Македоника литера“ во Прилеп

Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје во соработка со Градската библиотека „Борка Талески“, од денеска до 18 јуни во Прилеп организира саем на книгата.
На оваа изложбено-продажна манифестација, со попуст и до 70 отсто, ќе се продаваат близу 300 изданија на „Македоника литера“ од областа на литературата за деца, белетристиката и историографијата.
- Љубителите на добрата книга од Прилеп на едно место ќе може да најдат наградувани и високо вреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература..., соопшти издавачот.
Саемот на книгата ќе се одржува на отворен простор – на платото пред Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, од 10 до 20 часот.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
