САДУ: Ако има превработеност во јавниот сектор, зошто тогаш се вработуваат роднини и партиски војници
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ, при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС реагира на јавната изјава на Премиерот на РС Македонија кој што рече дека ќе се намалат вработените во јавниот сектор преку трансфер во приватниот сектор, каде што ќе бидат субвенционирани и тренирани за истите услуги во приватниот сектор.
Јавно го прашуваме Премиерот, ако има превработеност во јавниот сектор, зошто тогаш се вработуваат роднини и партиски војници и кого имаат намера да избркаат од јавниот сектор?
Ние неколку пати дадовме предлог да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, со што би се довело до ситуација каде што и постарите лица коишто не можат да се справат со дигитализацијата во јавниот сектор, ќе ја напуштат јавната администрација, по природен пат, односно по пат на пензионирање, со што за две до три години ќе се намали доволно бројот на јавната администрација. Со замрзнувањето на вработувањето во јавниот сектор ќе се спречи и политизацијата во него.
Јавно го повикуваме Премиерот, да се заземе околу реформите во јавната администрација, затоа што во јавната администрација веќе постои бел штрајк и одлив на стручни кадри коишто или преку неплатен одмор, боледувања или преку давање на откази и одење надвор од државата, јавната администрација се доведува до тој степен да клекне на колена, а и примањата што се во јавната администрација кои се на ниво на социјална помош, не ги предомислува вработените, да заминуваат од државата.
Парите коишто беа ветени пред изборите и за време на креирањето на програмата на Владата, односно парите за кариера на државните службеници, во некои институции се делат селективно, а во некои институции воопшто не се ни делат. Затоа ние бараме да се почитуваат законите, во спротивно ќе ги употребиме сите наши легитимни, синдикални средства за да го изразиме незадоволството.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп