-->
-->
Садики: Дете излегло од автобусот, се вратило да спаси член од семејството и изгорело
-->
Сакаме да ја знаеме вистината, за да даде надеж дека нема да се повторат вакви тешки последици, вели Азем Садики, градоначалникот на Општина Студеничани, каде вчера беа погребани речиси половината од загинатите во автобуската несреќа.
Садики, зборувајќи за бугарската bTV, пренесе сведоштво на преживеаните.
- Нашата мисла се дека луѓето не загинаа од сообраќајката, туку од пожарот во самиот автобус. Имаме информации дека едно дете успеало да излезе од автобусот, се вратило да спаси член од семејството, и изгорело. Оваа трагедија ако не се расветли, ќе има многу последици. Надеж е дека Бугарија е членка на ЕУ и ќе има правично истражување и тоа е барање и на фамилиите и на нас како општина, рече Садики.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник