САД зачудени: Од каде им на џихадистите толку „Тојоти‟

Во пропагандните снимки на Исламската држава се гледаат голем број автомобили на „Тојота“, вториот најголем производител на светот, а најчесто тоа се теренски возила или пик-апи.
Американските антитерористички лидери побараа од „Тојота“ да објасни на кој начин голем број од нивните автомобили завршиле во рацете на ИД.
Од „Тојота“ одговорија дека не знаат на кој начин ИД дошла до овие автомобили, нагласувајки дека ја поддржуваат истрагата на американските лидери за да се спречи „доброто од Западот да заврши во рацете на терористите“.
- Ние ги запознавме дистрибутерите на „Тојота“ на Блискиот Исток со ова, но и со процедурата во која „Тојота“ е должна да го штити интегритетот на дистрибутерите, вели директорот на „Тојота“ за јавна политика и комуникации, Ед Луис.
- Тојота има стриктна политика да не продава возила на потенцијални купувачи кои можат да ги користат или да ги модифицираат за паравоени или терористички активности, рече Луис, додавајќи дека компанија нема можност да ги следи возилата кои се украдени или се препродадени со помош на посредници.
Автомобилите на „Тојота“, на видео снимките на кампањите на ИД во Ирак, Сирија и Либан натоварени со тешко вооружување од чии кабини ѕиркаат терористи.
Иранскиот амбасадор во САД вели дека верува оти терористите, покрај старите камиони, стекнале илјадници нови автомобили на „Тојота“ во последните неколку години.
- Тоа е прашање кое им го поставив на нашите соседи, како и на кој начин стигнале во рацете на ИД и од каде доаѓааат, вели амбасадорот.
Пропагандните снимки на ИД покажуваат како терористите патролираат по улиците на Сирија во стари и нови „Тојота“ возила.
Додека преминуваат во Либија во долгите каравани блескаат нови „Тојота Ленд“ крузери. Во колоните може да се види дека повеќе од две третини од овие автомобили директно потекнуваат од фабриката на „Тојота“, а освен нив, во помал број има и „Мицубиши“, „Хјундаи“ и „Исузу“.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
