САД во кампања за декриминализација на хомосексуалноста во повеќе земји
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп подготвува глобална кампања за декриминализација на хомосексуланоста во десетина земји каде се уште е противзаконски да се биде хомосексуалец, јави Ен-Би-Си.
– Предизвикува огорченост тоа што во 21 век во повеќе од 70 земји сѐ уште постојат закони кои го криминализираат статусот или однесувањето на представниците од ЛГБТ заедницата, изјави официјално лице кое учествува во кампањата.
Се истакнува дека иницијативата во голем дел е насочена против Иран, кој е „главен геополитички непријател на САД под власт на Трамп“.
Иако иницијатор е Вашингон со своите амбасади во Европа, во кампањата треба да се вклучат и Обединети нации, Европска Унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и раководстваа на тие земји каде правата на ЛГБТ заедницата е заштитена.
Идејата за ваква кампањата е на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој отворено се претставува како хомосексуалец.
Ново на Сител
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица