-->
-->
САД: Уништени 238 цистерни со нафта на екстремистите во Сирија
-->

Во напад на американските воздухопловни сили врз позициите на Исламска држава на североистокот од Сирија уништени се повеќе од 238 цистерни со нафта на оваа екстремистичка организација, соопшти војската на САД.
Американските пилоти забележале дека цистерните биле паркирани една покрај друга и затоа, пред да бидат уништени, истрелале предупредувачки истрели за заплашување на возачите, кои биле присилени да побегнат.
Исламска држава заработува големи суми пари од нафтата која ја произведува на освоените нафтени инсталации.
Американското Министерство за одбрана најави дека ќе објави видео снимка на овие воздушни напади, што се случиле за време на викендот.
Минатата недела во претходниот напад беа уништени уште 116 цистерни, пренесе Би-Би-Си.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
