САД: Стејт департментот го осуди потегот на Врховниот суд во Венецуела
Стејт департментот на САД го осуди Врховниот суд на Венецуела поради преземањето на функцијата Народно собрание на земјата, нагласувајќи дека тоа е „сериозна пречка за демократијата во Венецуела“.
Највисокиот суд во Венецуела соопшти дека ја презема улогата на Народно собрание. Со оваа одлука на претседателот на Венецуела Николас Мадуро му е овозможено да донесува одлуки за нафтата без одобрување од Конгресот.
- Раскинувањето на демократските и уставните норми во повеќе наврати ги оштетува демократските институции на Венецуела и го лишува правото на народот во Венецуела да ја обликува иднината на својата држава преку избраните претставници, соопшти вршителот на должноста портпаротл на Стејт департментот Марк Тонер.
Тој во името на Стејт департментот ја повика Владата на Венецуела да му овозможи на демократски избраното Народно собрание на Венецуела да ги спроведе уставните функции, да одржи избори колку што е можно поскоро и да ги ослободи сите политички затвореници.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски