САД следат предупредувања за руските воени активности во близина на Украина
– САД следат доволно знаци и предупредувања за руските воени активности во близина на Украина кои предизвикуваат „голема загриженост“ и се чини дека руската реторика е поостра, изјави американски воен претставник.
Марк Мили, началникот на Здружениот Генералштаб на САД, одби да шпекулира за опциите што САД би можеле да ги разгледаат во случај на руска инвазија. Сепак, во еден од неговите најобемни коментари за кризата, Мили ја истакна важноста на суверенитетот на Украина за Вашингтон и за НАТО.
„Доколку има отворена агресија од руска воена акција во независна нација-држава од 1991 година, интересите на националната безбедност на САД и членките на НАТО се во прашање“, рече Мили за време на летот од Сеул до Вашингтон.
Украина соопшти дека Русија натрупала повеќе од 90.000 војници долж границата. Но, Москва ги отфрли сугестиите дека се подготвува да го нападне јужниот сосед и го брани своето право да распореди трупи на своја територија како што и одговара.
Мили одби јавно да ја објави својата проценка за бројот на руските сили во близина на Украина, но сугерираше дека неговата загриженост оди подалеку од бројот на руски војници.
„Нема да ви кажам што следиме и индикатори или предупредувања од разузнавачка гледна точка, но ги следиме сите“, рече Мили. „И сега ги има доволно за да предизвикаат голема загриженост и ние ќе продолжиме да следиме“.
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот